Салиу: Рушење на крстот е обид за предизвикување на конфликт!
Не стивнуваат реакциите околу одлуката на надлежните да го срушат изградениот крст на Попова Шапка.
Со свој став се огласи и новинарот Фуркан Салиу, а поддршка во коментари доби од бројни негови следачи на Фејсбук.
„ Ако сакате еден конфликт никогаш да не заврши направете го тој конфликт религиозен.
Одлуката за да се руши крстот на Шапка е токму таков обид, етничкиот конфликт кој што постои од 90-тите па се до денес, да се надгради во религиозен.
Тактиката е едноставна… Држи го народот исплашен, во дефанзива. Да не размислува како живее напредниот свет, да е благодарен само за мирот а де не се грижи за празниот фрижидер и скинатите патики на своето дете.
Крстот не треба да се руши кога веќе е изграден. Џамијата не треба да се руши кога веќе е изградена.
Нека биде тоа една убавата слика на оваа мултиетничка, мултирелигиозна држава. Тоа единственото убаво нешто што ни остана од оваа испокрадена држава.
А да, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ИЗБОРИ ИМАМЕ. Ова е најмалку што очекувам од политичките банди кои го тероризираат народот и ја приватизираат државата со години. А за жал во оваа игра се вклучени и верските заедници.“ напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…