„НИЕ И ЛУДИЛОТО ЌЕ ГО ПОЛУДИМЕ“: Лавина реакции за вработувањето на ГАК!

t

Откако вчера беше објавен оглас за вработување на ГАК, каде беа потребни еден Албанеc, еден Турчин и еден Ром, во јавноста се појавија бројни реакции и тоа не само од лекари туку и од другите граѓани.

„ Апартхејд на дело

Ќе примаат на гинекологија Албанец, Турчин, Ром…

Така стои во огласот.

Не им треба добар лекар. Им треба да е Албанец, Турчин Ром…

И сега да кажеме, од овие некој подобар десет пати, нема да може да се вработи само зашто е Македонец, а квотата за Македонци веќе исполнета.

И ќе ве лечи добар Албанец, добар Турчин или добар Ром, ама не и добар лекар.

А бе лекари вработувате, не молери.

Ние и лудилото ќе го полудиме. Оваа т.н. држава не смее да постои ни ден повеќе.“, напиша актерот Сашо Тасевски.

Со реакција се огласи и докторот Ненад Лазаров.

„Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???
Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате.

Јас нема да коментирам понатака само СО ЦЕЛ СВОЈ АВТОРИТЕТ ВИ КАЖУВАМ ДЕКА ВАКОВ ПРЕСЕДАН НЕ ПОСТОИ ВО МЕДИЦИНСКИОТ СВЕТ!
НАЦИОНАЛНОСТ НЕ ПОСТОИ ВО ТЕРЦИЕРНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД ВО ДРЖАВАТА!

ГАК, ова е голем срам за вас ко институција, а па и дека не се буните никој од вас, нека ви стои заслужена срамота.

Каква врска има националност со гинекологија и акушерство?
Од кога вакви огласи на УК?“ напишаш тој на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…

Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…

Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…

Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…

Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…

Русија предупредува на обид за дестабилизација на…

Министерството за надворешни работи на Русија издаде…