Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска
Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија Митовска.
За Митовска во соопштението од Град Скопје се вели дека била носител на високи раководни функции во Владата.
Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник-министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.
Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година.
„На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата ‘За модерно Скопје’“, се вели во соопштението до медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…