ДУИ бараат да се постапи согласно законот и за внукот на Али Ахмети
Поради поседување на пиротехнички средства, а по проверка на неговото возило од страна на САЕ „Тигар“ вечерва бил приведен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Засега нема информации за количината на пиротехника која МВР ја пронашле кај Дрин Ахмети, меѓутоа според досегашните информации тој бил однесен во полициската станица „Беко“.
Од МВР го потврдија случајот:
– Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул. Самуилова во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистарски таблички, управувано од Д.А (25) од село Зајас, Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено и по документирање на случајот ќе биде пондесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Од ДУИ за Инфомакс велат дека никој не е над законот и дека треба да се постапи согласно Закон.
– Никој не е над законот, да се постапи согласно закон за секого, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…