Објавено на:

Подгответе се – најави за дожд и снег веќе викендов!

t

Центарот за управување со кризи ги информира граѓаните дека од сабота попладне во земјата ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини и врнежи од снег.

Во понеделник ќе настапи значително заладување и врнежите ќе преминат во снег.

-Од Управа за хидрометеролошки работи известуваат дека под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела (над 20 л/м2).

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места, наведуваат од ЦУК.

Од вторник 9 јануари времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Во Скопје денес и утре ќе се задржи магливо време со пониска дневна температура.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд.

Во недела ќе се задржи претежно облачно време со повремен дожд, а во понеделник заради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…