Груби: Никој не е над законот – Беким Незири воопшто нема учествувано во физичка пресметка
Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците во емисијата 24 анализа рече дека е разочаран од упадот во М-НАВ и рече дека тоа било сосема непотребно и ДУИ реагирал со соопштение и дека никој не е над законот.
– Повикавме законот да важи за сите исто и повикавме јавноста да не суди и медиумите да не бидат истражители и обвинители и судии и да судат пред да се увидат сите факти. Имаше невиден притисок врз судиите од јавноста и медиумите. Имам разговарано со Беким Незири и другите кои учествуваа за да ја слушнам нивната страна. Разговарав со Премтим на телефон зошто и двајцата ми се другари и тој е во роднинска врска со Незири. Сите што беа вклучени во тој инцидент се вработени во институциите и беа на работното место. Беким воопшто нема учествувано во физичка пресметка со Премтим или било кој друг. Ниту ја отвроил вратата да има тепачка. Беким работи таму и е советник на генералниот директор. Настанот нема никаква врска со ДУИ. – рече Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…