Пудлицата на сите власти залудно плачеше дека судскиот совет не сакал да ја погали

t

Врховниот суд одлучи не падна на солзите на судијата Оља Ристова и Владимир Туфегџиќ и ја отфрли жалбата поднесена заради тоа што таа не беше избрана за судија во апелација.

-По оценка на овој суд, Советот спровел законита постапка при гласањето по конечната ранг листа на кандидатите за избор на судии во повисок суд. Со оглед дека жалителката добила 2 гласа „за“ од присутните членови кои припаѓаат на зедниците кои не се мнозинство, произлегува дека не го добила потребното мнозинство… – се вели во одлуката на Врховен суд.

После оваа одлука, Ристова најави жалба до Стразбур и во изјава за ТВ Канал 5 жестоко го нападна и Врховниот суд.

-На ваков начин советот на Врховниот суд ја озакони незаконитата одлука на СС за последниот избор на судии во Апелациониот суд Скопје и им даде виза во следниот избор на судии во повисок суд да изберат буквално кој сакаат од ранг листата па дури и последнорангираниот кандидат. Сметам дека одлуката на Врховниот суд негативно ќе влијае на мотивацијата за работа на судиите кои постигнуваат исклучителни резултати во работењето, односно секој судија кој остварил бодови по квалитет да биде избран и да не биде загрозен од судиите со лоши резултати во работењето. “ изјави Ристова.

Судијата Оља и нејзиниот адвокат бара Македонија да се врати 24 години назад мислејќи дека само на тој начин, таа може да биде избрана за апелационен судија. На јавната седница по однос на нејзината жалба пред Врховниот суд, Ристова побара за неа да не важи, односно да се укине бадентеровиот принцип кој беше воведен како инструмент за прекин на воените дејствија во 2001 година и од тогаш функционира како гарант за обезбедување на правата на малцинските заедници.

-Овој кандидат го доби потребното мнозинство на гласови од сите членови на Судскиот човек. Останаа должни членовите на бадентеровото мнозинство, што е тоа што кај нив превагнало да не укажат доверба на овој кандидат, а укажале доверба на кандидатите кои се далеку подолу рангирани и со помали бодови. На тоа се должни да одговорат изјави нејзиниот бранител и близок познаник Владимир Туфегџиќ.

Инаку, последниот избор на осум судии во скопскиот апелациски суд беше поздравен од стручната фела и познавачите на состојбите во судството.

Новата методологија по која што постапуваше судскиот совет гарантираше сериозна процедура во која што незаслужните нема да може да ги поминат сите фази и да бидат унапредени. Овој пат изостана посочувањето со прст кој судија бил протежиран од која партија, затоа што долгиот процес ги елиминираше партиските влијанија. Напротив, во судските кулоари дури и со задоволство се коментира дека конечно не поминале партиските „умилкувачи“.
Најпогодени од изборот, тогаш се најдоа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и судијата Оља Ристова, која не беше унапредена во повисокиот суд.

-Oва се последни грчевити обиди да се постават уште по некој партизиран обвинител и судија мислејќи дека заедно со измените во Кривичниот законик ќе обезбедат амнестија и политичка неказнивост за сиот криминал и злодела што ги направија овие шест години, изјави Мицкоски.
Ристова отиде чекор подалеку од Мицкоски и побара распуштање на судскиот совет.

-Го чекав денешниот избор на судии во Апелационен суд Скопје, две и пол години, како прво рангирана од Основниот кривичен суд Скопје. Изборот е скандалозен и сериозно се става под знак прашање рангирањето и ранг листата и пресудното влијание на Бадентеровото мнозинство. Судскиот совет мора итно да се распушти и реформира!!!! Коментираше на својот фајсбук профил судијката, најавувајќи жалба заради тоа што не била избрана.

Кариерата на Ристова се вивна со ВМРО-ДПМНЕ , а подоцна очекуваше нов подем и со СДСМ 

Ристова дипломирала на Правен факултет при Универзитетот Св.“Кирил и Методиј“, Скопје во 1992 година, а Правосуден испит положила 1994 година. Од тогаш до 2004 година работи како адвокат. Според информации од нејзините колеги, Ристова не се истакнала многу во адвокатурата. Тие велат дека и одело толку лошо што едвај успевала да ја одржи канцеларијата, па морала дури и да моли за средства за преживување. За разлика од други судии кои подоцна се определуваат за адвокатура, Ристова оди во обратна насока и сака егзистенцијата да си ја обезбеди со државна плата. После неколку променети работни позиции, Ристова се зближила со некои тогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и успева да влезе во „тефтерчето“. Наводно таа многу го користела и личното познанство со поранешниот директор на УБК па станува судија од 2009 година. Почнува со работа во кривичниот оддел на Основниот суд Скопје 1 , а работи и во Одделот за прекршоци и во Одделот за малолетници.

Со промената на власта во 2017 година, нејзиниот брат влегува во жестока кампања против ВМРО-ДПМНЕ. Боби Илиевски на својот фејсбук профил секојдневно објавува разни навреди и клевети против политичките опоненти, а Ристова полека ја презема ударната палка кога станува збор прогонот на неистомислениците на Зоран Заев.

Можно е токму нејзината бескрупулозност во извршувањето на политички нарачаните предмети, да била една од причините заради кои очекувала дека и сега во времето на СДСМ ќе напредува во кариерата.

Скандал до скандал во кариерата на Ристова 

Бројни афери од различен тип ја одбележаа кариерата на Ристова како основен судија која трае веќе 14 години. Судските кулоари говореа за љубовни врски со колеги судии, одејќи дотаму дека живее со еден кој сега ја напушти судиската функција.

Се ширеа муабети дека благодарение на одредени лоби врски, преку нејзини блиски, Ристова од сиромашен адвокат успеала за кратко да се претвори во прилично богат судија. Според овие извори, тука најголемо влијание имал нејзиниот близок судија, кој сега како адвокат со најголемо нетрпение го очекувал нејзиното унапредување. Токму од тие причини се говори и дека тој бил најразочаран од тоа што Ристова не била избрана и не можел да ги реализира плановите.

Според анкетниот лист, Ристова како судијка успева да пријави два стана на име на нејзините деца од по 115 квадрати заедно со тераса и гаража, кои според неа чинеле зачудувачки по 20-тина илјади евра. На свое име пријавила уште два стана од околу 150 квадрати со балкон и гаража кои врделе повторно зачудувачки 90 000 евра. со судиската плата Ристова обезбедила и солидни суми на банкарските сметки на нејзините деца, кои им конкурираат на децата на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски. Децата на Ристова на денарските и девизните сметки имаат околу 70 000 евра, кои заедно со становите ги прават едни од најбогатите деца во Македонија. На сопствените сметки, таа пријавила околу 120 000 евра, а освен судиска плата добива само еден хонорар плус кој секој месец изнесува 150 евра за членување во управен одбор.

Ристова се соочи со сериозни и жестоки критики кога ставаше лајкови на постови на нејзиниот брат во кои се промовираа апсења на луѓе кои таа подоцна ги судеше. Нејзината непрофесионалност и пристрасност во предметите беше нападната од одбраната која во предметот за организаторите на 27 Април побара нејзино иземање. Тогаш беше посочен и конкретен пример каде нејзиниот брат го напаѓа поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, а таа лајкува и подоцна му суди во предметот.

Еден од последните предмети на Ристова по кој остана запаметена во јавноста беше „Двојник“ кој се однесување на криминалното издавање македонски патни исправи на убијци и дилери од најголемите нарко кланови. Предметот предизвика големо внимание бидејќи беше доказ како судството ја дели правдата. Со пресуда на Ристова настрадаа ситни службеници, а никој не разбра кој ги носел криминалците во Македонија, кој им организирал фотографирање и кој ги семал парите од целиот криминал. Ристова не најде вина кај себе за казните за ситните службеници, а одговорноста ја префрли во полицијата и обвинителството.

Нејзиниот конфликтен темперамент беше предмет на критика и кога излезе информацијата дека Ристова имала судир со полицијата, па дури и се обидела да ги прегази полициските службеници. Според тогашните полициски информации нecaкajќи да ја прифати нapeдбaтa на пoлицajцитe да се вpaти нaзaд, cyдjикaта Оља Ристова почнала да вpecкa, а кога и тоа нe пoмoгнaлo се обидела и да ги пpeгaзи пoлицajцитe, кои повикале зacилyвaњe и се обиделе да ја пpивeдaт.

Во случајот со 27 април Ристова не беше изземана, но затоа по една реакција на Катица Јанева таа е изземена од предметот Титаник 3.

Заради нејзиниот карактер и начинот на кој што ја извршувала функцијата, Ристова честопати е префрлана во различни оддели, а наместо да се обидува по правна линија, како и секој судија, да ги разреши недоразбирањата, таа излегуваше во јавност, бараше политички мотиви и со политички изјави го уриваше угледот на судството.

Додека таа ја вршеше својата судиска функција, нејзиниот брат, веројатно заради заштитата која ја чувствуваше, прерасна во еден од најрадикалните и најомразени ликови на фејсбук кои напаѓаа поединци и ширеа секакви лаги. Тој дојде во конфликт и со медиуми кои побараа негово кривично гонење.

Боби Илиески не беше гонет, но неговата сестра Ристова не го мина филтерот на судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…