Вистината за промената на името

t

Дел од вас знаат, дел не дека сум работел во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во центарот за комуникации.

Недела, две пред да биде првата седница за отворање на Уставот и промена на името веќе почна да се шпекулира дека власта разговара со пратеници на партијата за да се промени името на државата.

Веднаш штом разбрав за овие шпекулации сам се понудив 24/7 колку и време да треба да ги чувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштитам од непристојни понуди и закани во партискиот штаб.

Она кое што го предложив понатаму е народот, членовите на партијата да се соберат пред партиското седиште и да не дозволуваат полицијата да влезе и насила да ги изнесе пратениците на партијата од партиското седиште.

Овој план беше единствено можно решение да се спречи насилна промена на името во Собранието. Очигледно некој сакал да се промени името на државата за утре да не мора тој да го стори истото и да си го валка своето име.

Да се вратиме на она што ме инспирираше да го напишам ова денес. Се утепавте од плукање по 8-те пратеници без да знаете дека имаше уште толку во резерва. Овие луѓе јас не ги оправдувам, но реалноста е дека никој не ги заштити од политичкиот прогон и беа оставени на ветрометина.

Си ја грешите душата и се ситите на смртта на синот на Крсто Мукоски. Се декларирате како христијани и големи верници, а говорите за карма и дефакто богохулите. Сите можевме да направиме нешто повеќе за да ја спречиме промената на името, но очигледно сите домашни и странски политички фактори имаа постигнато договор дека името мора да се промениме, без разлика дали ние сакаме или не.

Да ве потсетам само дека дента кога се менуваше името имаше 30-тина луѓе пред Собрание и да јас бев еден од нив.

Фејсбук статус на Милош Милошевски, новинар на Инфомакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…