Германскиот министер за финансии: Не е болна, нашата економија само не е наспана
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос како дел од панелот на Блумберг се осврна на зачестените написи дека германската економија е „болна“ и дека тоа прави проблеми како во самата унија, така и на земјите кои не се членки.
Тој рече дека по многу успешниот период кој започна во 2012 година, неговиот земјата сега повеќе наликува на „уморен човек по непроспиена ноќ“.
Според Линднер, на Германија сега и е потребно „шолја добро кафе“, односно да спроведе структурни реформи и потоа ќе продолжи со економскиот раст.
Во 2023 година, според прелиминарната проценка, германската економија падна за 0,3 отсто на годишно ниво, откако порасна за 1,8 отсто во 2022 година, додека инфлацијата се зголеми за 5,9 отсто на годишно ниво, објави неодамна германската федерална статистичка служба Destatis.
„Целиот економски развој во Германија запре во 2023 година, во средина која сè уште е оптоварена со кризата“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бранд на прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…