Речиси 25.000 Палестинци загинале во Појасот Газа
Најмалку 24.927 Палестинци се убиени, а 62.388 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас.
Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа загинале околу 165 Палестинци, а 280 се ранети.
Израелската војска осквернавила најмалку 16 гробишта во својата копнена офанзива во Газа, уништувајќи надгробни споменици, а во некои случаи и откопувајќи остатоци, јави Си-Ен-Ен.
Во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, израелските сили уништија гробишта, отстранувајќи ги посмртните останки како дел од она што началниците на израелската армија (ИДФ) рекоа за Си-Ен-Ен дека ги бараат останките на заложниците земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври.
ИДФ не дадоа објаснување за уништувањето на 16-те гробишта, но истакнаа дека нивните сили понекогаш „немаат избор“ освен да ги таргетираат гробиштата за кои тврдат дека Хамас ги користи за воени цели. Покрај тоа, како што информираат од ИДФ, спасувањето заложници и пронаоѓањето и враќањето на нивните тела е една од нејзините клучни мисии во Газа, поради што, како што велат, се извадени тела од некои гробници.
„Процесот на идентификација на заложниците, што се спроведува на безбедна и алтернативна локација, обезбедува оптимални професионални услови и почитување на починатиот“, изјави портпаролот на ИДФ за Си-Ен-Ен, додавајќи дека телата за кои е утврдено дека не се заложници се „вратени со достоинство и почит ”
Од друга страна, намерното уништување на религиозни места, како што се гробиштата, го прекршува меѓународното право, освен во ограничените околности локацијата да стане воена цел, а правни експерти за Си-Ен-Ен изјавија дека акциите на Израел може да се оквалификуваат како воени злосторства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Израел гради огромен песочен ѕид за да…
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…
Палестински доктор од Газа тврди дека бил…
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…