Еве што се случило: Патниците од Македонија не се директно виновни за хаосот во Белград
Хаосот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ не го предизвикале директно патниците од Македонија, туку проблеми настанале поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот.
„Денеска околу 17:00 часот во транзитната зона дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои имале намера да патуваат до европски и светски дестинации, а кои претходно биле проверени за лични и проверки на багажот. Патниците кои слетале во 16:16 часот на лет од Скопје со автобус по грешка биле однесени на погрешна капија, каде влегле во транзитниот простор и се измешале со патниците кои поминале безбедносни контроли. На барање на операторот на белградскиот аеродром, МУП ја прекина пасошката контрола на излезот од Србија во 17 часот и 22 минути“, изјавила помошник-министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Верица Јечменицаза српските медиуми.
Инцидентот настанал кога патниците од Скопје по грешка биле однесени на погрешен гејт, каде што се измешале со патници кои веќе ги поминале безбедносните контроли.
Во тек се инспекциски надзори, по кои ресорното министерство ќе поведе постапка против операторите и одговорните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…