Пациентка со грип од Пулмологија пренесена на Инфективна и ставена на респиратор
65 годишна пациентка со влошена состојба со грип поради потреба од респиратор веднаш е префрлена од Клиниката за пулмологија и алергологија на инфективната клиника.
Таа претходно била со кардиоваскуларни заболувања. Од клиниката за пулмологија и алергологија објаснуваат дека со компликации на грип имаат седум пациенти.
„Пациентката е со екстромно лоша сатурација и мора на респиратор. Заштита од грип може со вакцина, но тој што ја прима мора да биде здрав, не може да се вакцинира некој што има симптоми на грип“, вели проф.д-р Деан Докиќ директор на Клиника за пулмологија и алергологија.
На Клиниката за пулмологија и алергологија денеска се отвори нов дијагностички центар каде што ќе ги има сите посебни апарати каде двојно ќе се зголеми бројот пациенти и ќе се намали списокот на чекање на ЕХО прегледи и бронхоскопии. Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Професорот Докиќ потенцира дека токму и најчести пацинети во овој центар се оние кои пушат цигари и дека ракот кај мажи со рак на бели дробови е прв на листата, а кај жените е втор. Апартот чини 16 милиони денари е набавен од страна на министерството за здравство.
Министерот посочи дека се уште ги чекаат директивите од СЗО во делот на носење на нови посторги мерки за пушњето на цигари и тие треба да бидат донесени до крајот на Јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…