Пожарникари гаснеле запалена куќа во Берово, едно лице со изгореници пренесено во болница

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од кои реални биле 40,22 %, а 59,78 % биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 %, кон итната медицинска помош 32,01 %, кон пожарникарите 2,52 %, а кон АМСМ 0,36 % од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од оние што биле за комбинирано решавање од реални повици 2,52 % со другите 59,78 % што се именувани како неитни повици биле 1.061 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање.

„Пожарникарите од Берово, вчера, во периодот од 22.55 до 00.30 часот, со две ПП-возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена куќа во градот Берово. Во пожарот едно лице добило повреди (изгореници) и е пренесено во Здравствниот дом во Берово. Инаку, во последното деноноќие имало извештаи дека пожарникарите речиси секаде имале помали интервенции, што најчесто значи дека имало гаснење пожари на отворено. При ова се посочува за две работи: да се слушаат препораките на пожарникарите, да не се палат отпадоци на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и истовремено апелираме за внимателност при прошетките во прекрасната природа на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при вакви зимски услови со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите“, информираат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…