Ковачевски во четврток си поднесува оставка од премиерската позиција

t

Премиерот Димитар Ковачевски денес потврди дека во четврток ќе поднесе оставка од премиерската позиција се со цел формирање на техничка влада којаќе биде задолжена за спроведување на изборите и ќе има времетраење од 3 месеца.

– „Цела влада ќе биде во оставка во четврток околу 10 наутро. Така што никој нема потреба од министрите да поднесува било каква оставка, бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка“, рече Ковачевски.

Покрај Ковачевски оставка ќе си поднесе и претседателот на Собранието Талат Џафери кој ќе седне на премиерското столче. Ова е дел од договорот на СДСМ и ДУИ со кој се исполнува уште едно партиско ветување на интегративците со прв премиер албанец.

На собраниската седница за нов претседател на собранието ќе се избере досегашниот координатор на СДСМ, Јован Митрески за веднаш потоа Џафери да го добие мандатот за премиер на државата.

Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари. Како ќе се направи овој избор останува да виси во воздух со оглед дека од владејачката СДСМ најавија дека нема да ги гледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ако тие не дадат поддршка на оваа Влада предводена од Џафери. Оттука е нејасно дали целата оваа постапка е во согласност со Уставот и законите на Македонија со оглед дека Владата е колективен орган и за неа се гласа во целост а не поединечно. Тотална непознаница се многу работи кои се очекуваат да се разјаснат до недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…