Нова Алтернатива: Ниту вчера на Мицкоски не му успеа да го блокира градот – ги поразивме неговите деструктивните политики

t

Од Нова Алтернатива велат дека по кој знае кој пат се поразени деструктивните политики на Христијан Мицкоски, политики кои креираат хаос, политики кои оставија повеќе од илјада вработени во ЈСП и нивните семејства без плата.

„Ниту вчера на Мицкоски не му успеа да го блокира градот, да ги остави граѓаните без градски превоз, а вработените во ЈСП без парче леб. Заврши времето на политичари кои ги подриваат темелите на институциите, а со тоа и на државата.

Мицкоски по кој знае кој пат покажа дека е класичен политикант кој единствено го интересира бројката на анкетите и ништо друго. За негова жал, а за среќа на македонските граѓани тој во јавноста го покажа вистинското лице, цела Македонија вчера виде дека Мицкоски е подготвен на се само за да им наштети на своите политички неистомисленици, макар оставил луѓе без леб, а граѓаните без градски превоз. Сепак на крајот си наштети единствено на самиот себе на својот личен рејтинг и легитимитет.

Нова Алтернатива нуди нова генерација на политичари, нови луѓе кои го ставаат интересот на граѓаните пред својот личен интерес, интересот на државата пред политичкиот интерес. Нова Алтернатива е предвесникот на промените, вчера градоначалничката на Град Скопје и претседател на Нова Алтернатива, Данела Арсовска ги порази истрошените и корумпирани политички елити, а вчерашните настани се само почеток, следуваат уште многу порази за корумпираните политички елити се до финалното соочување на 8-ми мај“, порачуваат од партијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…

Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…

Бомбени закани над Европа: Три авиони на…

Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…

Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…