Блинкен: 45 милиони долари за помош на западноафриканските земји
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска дополнителни 45 милиони долари за помош во борбата за стабилност и против конфликтите во западноафриканските земји, каде нестабилноста е зголемена во последните години поради бунтовите на џихадистите, пренесува Танјуг.
Блинкен денеска е во Абиџан на втората станица од неговата турнеја низ четири африкански земји – Зеленортските Острови, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Ангола, пренесува Ројтерс.
Целта на неговата турнеја од 21 до 26 јануари е да разговара со африканските лидери за американско-африканското партнерство во областа на трговијата, климата, инфраструктурата, здравството, безбедноста и други. Оваа турнеја е продолжение на самитот во Вашингтон одржан со африканските лидери во декември 2022 година.
Безбедносните предизвици во Западна Африка, последиците од минатогодишниот државен удар во Нигер и зголеменото влијание на Русија во регионот се меѓу клучните теми на турнејата на Блинкен низ овие западноафрикански држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…