Величковски: Поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ во 1994 година, Македонија беше изоставена од првиот бран проширување на ЕУ, сега се прави истото

t

Први бојкотирани избори во земјава беа во 1994 година од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие беа опозиција, бидејќи во 1990/91 одбија да прават влада со партии на Албанците, а од 1993 „го бранеше идентитетот”, отфрлајќи го референтното име со кое Македонија стана членка на ОН и низ Времената спогодба ги уреди односите со Грција и излезе од ембарго, на својот Фејсбук-профил пишува Ивон Величковски од движењето „Нова република“. Величковски е и поранешен пратеник и лидер на Либералната партија.


Тој додава дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ се исклучи од значајните процеси во земјава, од приватизацијата, до фаќањето чекор со Агендата 2000, иако по Кичевскиот конгрес, во 1996 година, ги прифати и ПЈРМ и Времената спогодба и приватизацијата со сите следствени општествени, политички и економски последици, како што се одвојувањето на Македонија од Словенија, со што беше изоставена од првиот бран проширување на НАТО и ЕУ и останувањето на Македонија во зоната на „српскиот свет“ на Милошевиќ, поради што се случи конфликтот во 2001 година.

Северна Македонија, дури по 20 години излезе од трауматскиот застој. Со силни (домашни, регионални, континентални и меѓународни) напори низ Рамковниот договор, Тиранската платформа, Софискиот и Преспанскиот договор. Со нив дојде до посакуваното: граѓанска држава каде Македонците ја остваруваат својата конститутивност во земја – членка на НАТО, со уште една цел: полноправно членство во ЕУ“, пишува Величковски.

Тој додава дека денес ВМРО-ДПМНЕ во основа одбива да гласа за премиер на техничка влада – Албанец и повторно го „брани идентитетот“, отфрлајќи го (Протоколот по) Софискиот договор, со кој Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ.

„Препознавајќи ги сличностите на обидот Северна Македонија да остане во туѓа зона на (антизападно влијание), корисно е да се потсети и дека ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 проба да спречи политичко мнозинство според волјата на граѓаните за европски и евроатлантски правец на државата. Тој вид мнозинство е спротивен на концептот на двопартиска кохабитација низ окупација на етничката претставеност. Спречувањето злоупотреба на државни ресурси во партиски цели беше причината за воспоставување на концептот на техничка влада пред избори“ пишува Величковски.

Тој додава дека со одбивањето да учествуваат и да гласаат за оваа техничка влада не може да се толкува поинаку од обично оставање простор повторно етнопартиски да оспорат изборен исход од значење за нацијата – политичко мнозинство што ќе ги отвори европските преговори низ изгласување на потребните уставни дополнувања.

„Резимирано: ВМРО-ДПМНЕ може да не гласа за Талат Џафери за премиер. Но пратениците таму треба да размислат дали политиката во ПЈРМ (1994) и во натовска Северна Македонија (2024) може да се води на ист начин и на исти премиси“ заклучува Величковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…

Европската унија нема да поддржи нешто во…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…