Спасовски: Со законот за рестриктивни мерки за црните листи го почитуваме партнерството со САД
На денешниот панел „ Македонија – Безбедна членка на НАТО со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски можности“ министерот за внатрешни работи запрашан за донесување на законот за рестриктивни мерки за имплементација на црните листи во САД и Обединетото кралство во нашето законодавство потенцираше дека преку тие измени се вреднува взаемната посветеност на стратешките партнери во борбата со криминалот и корупцијата.
„Кога зборуваме дека сме стратешки партнер со некого, вие мора да бидете стратешки партнер во се. Не да бидете стратешки партнер кога ќе ви се помогне, кога ќе имате потреба од поддршка за процесите а кога ќе треба да бидеме заедно во процеси кои таа држава ги води ние да се повлекуваме. Нема кој друг од македонското општество да прати посилна порака во преземањето чекори против корупцијата и борбата со криминалот од нас. Мораме да покажеме со јасна политичка волја со донесување на тие законски измени и интервенции во закони дека го почитуваме искрено стратешкото партнерство со САД и взаемната посветеност во борбата со криминалот и корупцијата.“, потенцираше министерот Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…