Ахмети: Без албанско-српско помирување нема безбедност во регионот
Претседателот на најголемата партија на Албанците во Македонија, Демократската унија за интеграција, Али Ахмети рече дека за да се постигне безбедност и стабилност во регионот, мора да има албанско-српско помирување и додаде дека еден од чекорите за тоа пат е признавањето на независноста на Косово од Србија, известува Клан Косово.
„Затоа, без албанско-српско помирување, стабилноста и безбедноста се оштетени не само во Косово и Србија, туку и пошироко“, рече Ахмети.
Според него, има неколку чекори за да се дојде до тоа помирување.
Србија конечно мора да го признае Косово како држава, Косово мора да го заземе заслуженото место во сите меѓународни институции, во Обединетите нации, да нема пречки, да биде признаено од земјите од ЕУ“, рече Ахмети.
Тој истакна дека целта на Македонија е влез во Европската Унија и отстранување на границите.
Ахмети додава дека Македонија сака да нема проблеми со соседите, да живее во мир, стабилност и безбедност, бидејќи, како што додава, ова е начинот на кој се гради иднината за новите генерации.
„Не дозволувајте да ги имаат маките што ние како генерација ги доживеавме. Новите генерации не знаат како сме се школувале и страдале, но денес Албанците во Македонија имаат три универзитети“, рече Ахмети.
Тој посочи и дека албанското знаме е неприкосновено дури и во официјална употреба во Македонија бидејќи, како што вели, секој „градоначалник кој нема црвено-црно знаме на масата и пред општината ќе биде казнет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама вели дека Албанија нема да им…
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека…
Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во…
Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на…
Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во…
Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена…
ДУИ цитира српска министерка: За Српскиот свет…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
Ахмети со честитка на независноста: Нема никаква…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка…