Џафери ги определи вицепремиерите во Владата

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, на првата седница на новоизбраниот владин состав, ги информираше членовите на Владата дека за заменици на претседателот на Владата ги определи:

– м-р Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања;

– Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и

– м-р Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики на добро владеење.

Џафери на првата седница рече дека клучната задача на техничката Влада е да подготви и организира слободни, фер и демократски избори според највисоките европски стандарди.

-Пред нас е клучна задача, подготовка и организација на слободни, фер и демократски регуларни избори во отворена и законска процедура, кажа Џафери во првото обраќање пред новиот владин состав, во кој најголемата опозициска партија има двајца министри и тројца дополнителни заменици-министри.

Во оваа задача, посочи тој, „имаме обврска да соработуваме со Собранието, Државната изборна комисија и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и со ЕУ и САД како наш стратешки партнер, за да обезбедиме највисоки европски стандарди во процесот на изборната кампања и на самите избори, со целосен фокус на создавање услови во кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја на изборите“.

Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда, заедно со вториот круг од претседателските избори. Првиот круг од изборите за претседател на Македонија ќе се одржи во среда, на 24 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kaсами за новата влада: Етничката припадност не…

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска…

Албанската коалиција „Вреди“ денес на преговори во…

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Мишустин ги предложи новите министри на Руската…

Премиерот на Руската Федерација, Михаил Мишустин ѝ…

Пленковиќ ги собра потписите и го доби…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ ги прими…