Тетовец украл „Мерцедес“ од паркинг, полицијата го фати

t

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и 45 минути на улица „ЈНА” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, кој претходно од паркинг на улица „Димо Гавровски-Кара” во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.Е. од тетовска Стримница. Возилото е пронајдено на улица „Мирче Ацев” во Тетово, извршен е увид и вратено му е на сопственикот. Кај малолетникот, исто така, биле пронајдени и одземени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…