Девет рудари заробени во рудник за злато во Турција

t

Девет рудари се заробени во рудник за злато по лизгање на земјиштето во провинцијата Ерзинџан во источна Турција, соопштија денеска локалните власти.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека од свлечиштето нема вести за деветмината рудари и дека во моментот на терен се над 400 членови на спасувачките екипи.

Гувернерот на провинцијата рече дека „има луѓе закопани под земја, но бројот не е јасен. Нашите напори за пребарување и спасување се во тек“.

Градоначалникот на седиштето на провинцијата, Бекир Аксун, од друга страна, за локалните медиуми изјави дека меѓу 10 и 12 рудари се водат за исчезнати.

Anagold Mining работи со рудникот Коплер од 2009 година. Во рудникот се вработени вкупно 667 рудари.

Министерот за правда Јилмаз Тунч најави дека во тек е истрага за да се истражат причините за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис постави црвени линии за соседите: Македонија…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчкиот…

Путин изрази сочувство, Ердоган вети дека ќе…

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до…

(Анкета) Србија е најголем сојузник на Македонија,…

За најголем сојузник на Македонија нашите граѓани…

Лекувањето во странство нѐ чинело пет милиони…

Намалување на бројот на барања за лекување…

Министерството за правда ѝ се заблагодари на…

Министерството за правда и министерот Кренар Лога…