Вучиќ се сретна со американски сенатори во Минхен
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, се сретна со делегација американски сенатори со кои, како што напиша на својот Инстаграм профил, имал „долг, отворен и содржаен разговор“ и на кои им ја повтори својата загриженост за безбедноста и правата на српскиот народ на Косово.
Во делегацијата предводена од сенаторот Џин Шахин, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и претседавач на поткомитетот за Европа, се и сенаторите Пит Рикетс и Крис Марфи.
Нагласив дека честата комуникација меѓу Србија и САД, како исклучително важен партнер на нашата земја, е од клучно значење за зајакнување на врските меѓу нашите земји и решавање на клучните прашања од заеднички интерес, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој рече дека ја повторил „големата загриженост за безбедноста и правата на српскиот народ на Косово и Метохија, нагласувајќи ја важноста од заштита на нивните интереси и услови за нормален живот, особено имајќи го предвид последниот потег на Приштина, со кој се укина динарот како легитимно средство за плаќање со што на непромислен начин е загрозена егзистенцијата на српското население“.
Вучиќ рече дека ја нагласил потребата од продолжување на дијалогот „за да се решат сè поголемите притисоци со кои секојдневно се соочува српскиот народ на Косово и Метохија и дека им се заблагодари на САД за поддршката во изнаоѓањето мирно и одржливо решение. на ова прашање“.
Како што додаде Вучиќ, разговарале и за билатералните односи, прашањата за регионалната стабилност и актуелната геополитичка ситуација, како и за зајакнувањето на економската соработка и инвестициите во големите проекти што Србија ги започнува во рамки на „Егзо2027“.
Вучиќ им се заблагодари на САД за поддршката што и ја даваат на Србија на патот кон ЕУ, како и за определбата на Србија да продолжи со сеопфатниот развој на земјата во сите области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…