Објавено на:

Столтенберг: НАТО е посилно од Русија

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на панел на Минхенската безбедносна конференција рече дека западната алијанса е воено посилна од Русија и дека научила бројни лекции од војната во Украина и дека е неопходно да се направи уште повеќе за да се обезбеди безбедноста. .
Столтенберг оцени дека НАТО е најсилната воена сила во светот и дека претставува околу 50 отсто од светската воена моќ.

„НАТО е најсилната воена сила во светот денес. Ние претставуваме, грубо кажано, околу 50 отсто од вкупната воена моќ во светот. И воено сме посилни од Русија“, рече Столтенберг.

Тој смета дека војната во Украина покажала дека има некои сериозни недостатоци.

„На пример, кога станува збор за одржување, едно е што секој има напредни системи за оружје, но потребни се и резервни делови и одржување. Најблаго кажано, потребна е муниција“, рече Столтенберг.

Посочи дека е добра вест што се градат нови фабрики и дека е зголемено производството, но дека итно треба да се направи повеќе.

„Мислам дека научивме сериозни лекции од војната во Украина. САД направија многу за да ѝ помогнат на таа земја“, заклучи Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…