Kривична до јавен обвинител за обезбедувачот на Мицкоски – определен и притвор

t

Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност.

„Затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бодат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор во МВР“ велат од МВР.

Како што дознава Инфомакс определена е и мерка 24 часовен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…

Една година и седум месеци затвор е…

ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…

Полициски час во делови од Париз и…

По протестите и немирите, властите во Париз…

ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…

Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…

ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…