Хојзген: Конференцијата во Минхен даде надеж за посветла иднина
Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, денеска на затворањето на собирот изјави дека во претходните два дена во Минхен се случиле бројни позитивни работи и дека има основа да се верува во посветла иднина.
„Ние во Европската унија знаеме дека има две минути до 12. Не можеме да си го дозволиме себеси тој луксуз повеќе да чекаме европската одбрана да се организира. Мораме да бидеме брзи. Што се однесува до Блискиот Исток, срцето ни е скршено од фотографиите на заложниците кои ги држи терористичката организација Хамас. Исто така, ужасно беше да се слушне новата бројка од 17.000 сирачиња во Газа. Има ли надеж? Видов надеж во нешто за што се залага и Минхен, а тоа е постигнување мир преку дијалог“, вели Хојзген.
Тој додаде дека дава надеж и средбата меѓу израелскиот претседател Исак Херцог и катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Бин Џасим Ал Тани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека има загинати и ранети…
Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…
Нови детали за акцијата на МВР и…
Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…
Полска спречила можна руска провокација кај границата…
Полските безбедносни служби спречиле можна провокација на…
Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните…
Овој случај уште еднаш покажува колку е…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…
„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…