ПОЗНАТ ТУРСКИ АКТЕР УБИЕН ВО ИСТАНБУЛ: Претепан до смрт додека се обидувал да ја заштити својата вереница

t

Турскиот актер Емре Ајтекин почина на 32-годишна возраст во Истанбул. Познатиот актер и музичар во Истанбул бил претепан додека се обидувал да ја заштити својата вереница, актерката Сандра Зепин, а потоа им подлегнал на повредите, пренесува Н1.

Според извештаите, Сандра Зепин ѕвездата на филмот „Збогум Германија“, го ризикувала сопствениот живот за да го спаси својот вереник, но немало помош.

Како што пренесуваат германските медиуми, постои сомневање дека непознати напаѓачи ја малтретирале вереницата на Ајтекин пред кобниот момент.

Како што пренесува Билд, Емре Ајтекин бил претепан во ресторан за брза храна, откако Сандра била малтретирана од двајца мажи. Емре сакал да ја смири ситуацијата, а потоа двајцата мажи го нападнале и му нанеле смртоносни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…