Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16 милиони евра вонредни пари за расчистување на долгови!
Иако на крајот од минатата година, преку купување на акции, Владата на акционерското друштво за железнички транспорт му одобри 16 милиони евра вонредни пари за да расчистува со долговите, сега е донесена нова одлука Министерството за транспорт и врски на ова загубарско претпријатие повторно да му се додели 2,5 милиони евра за спас.
Станува збор повторно за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање за патничкиот транспорт. Одлуката е донесена заради помош за исплата на плати и како што пишува во одлуката – за расчистување со должењата кон добавувачите.
Одлуката била донесена на седница на 13 февруари како решение за распределба на средства во буџетот на Министерството за транспорт и врски, од каде ќе треба да се префрлат парите на посебна наменска сметка на „Железници на Република Македонија Транспорт АД Скопје“
„Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање на обврски кон останати добавувачи на Железници на Република Македонија Транспорт АД Скопје“, објавено е во владината одлука.
Владата на 10 ноември преку зголемување на акционерската главнина му исплати вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници – Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги доби наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.
Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција.
Со новите пари од буџетот, освен сметки за струја, требаше да ги враќа и позајмиците. На листата на должници постојано е на врвот, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати, со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение. Поранешниот премир Зоран Заев зборуваше дека фирмата е зрела за јавно- приватно партнерсво или за приватизација, но и натаму нема никаков план за спас, освен постојаното префрлање на милиони од државната каса на сметка на претпријатието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…