По Франција и Шолц со поддршка за Руте за нов генерален секретар на НАТО
Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане нов генерален секретар на НАТО, изјави денеска портпаролот на германската влада.
Претходно и Франција го поддржа назначувањето на Руте за нов генерален секретар на НАТО.
Британскиот Форин Офис соопшти дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО алијансата.
Неименуван американски функционер потврди дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар.
Мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата од 2014 година, завршува во октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека погодил американски Ф-16 над…
Иранската војска соопшти дека нејзиниот систем за…
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
Таткото на бебето со исечен прст ја…
Таткото на новороденчето кое се здоби со…
Пронајдено тело на 38-годишен маж кај Смилковци…
Во близина на село Смилковци, скопско, пронајдено…
„Ниту еден родител да не го види…
Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара…