СРБИН НАЈДЕН ИСКАСАПЕН ВО СТАН ВО ВИЕНА: Трупот бил во када, отсечените раце и нозе расфрлани низ станот
Државјанин на Србија, чиј идентитет сè уште не е утврден, пронајден е мртов во стан во Виена, а телото искасапено!
Според извори на Курир.рс телото на мажот, чиј труп бил пронајден во поодмината фаза на распаѓање, било пронајдено во кадата во бањата, додека отсечените раце и нозе биле пронајдени во други простории.
– Полицијата дошла во станот поради дојава дека таму се произведува марихуана. Во потрага по дрога, инспектори упаднале во станот. Во него немало никој, а навистина била пронајдена марихуана. Но, покрај дрогата, пронајден е и труп на маж – вели изворот на Курир.
На инспекторите од вратата им било јасно дека во станот се случило тешко злосторство.
– Само што влегле во станот виделе делови од човечко тело. Понатамошна потрага откри тело во бањата, со голема расекотина на вратот – додава изворот.
Како што открива изворот, во станот била пронајдена комплетна опрема за касапење и чистење.
– Пронајдени се фолии, најлон, хемиски средства. Се претпоставува дека намерата на џелатот била да го исече телото на парчиња и да се ослободи од него, но нешто се случило меѓу сторителите, па решиле само да го остават телото и да побегнат – вели нашиот извор.
Инаку, во станот биле пронајдени документи на тројца Срби.
-Во станот се пронајдени документи на име А.Ј, Л.Р. и на име Ж.Ј. Сите тие се од поширокото подрачје на Белград и немаат криминално досие во Србија – додава изворот на Курир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…