Идната недела стигнуваат нови 185.000 обрасци за пасоши
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев низ бројки демантира дека снемува обрасци за пасоши. За тоа кој ја зборува вистината, Бојмацалиев вели дека говорат бројките.
-Ги кажувам фактите: На денот на примопредавање стигаат 50.000 обрасци, потоа стигнат 20.000 обрасци, четвртокот 140.000, а наредна недела ќе стигнат уште 185.000. Или вкупно 1.734.000 обрасци со тие што ќе стигнат наредната недела, одговори Бојмаџалиев.
Тој додава како аргумент дека ако се погледнат бројките за заинтересираност на документи со новото име Северна Македонија, вели дека од отпочнувањето на самиот процес во јули 2021 година со издавање на документи со Северна, сме имале време да го завршиме целиот процес.
-Од јули до 12 февруари, имало обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна, сме можеле да го завршиме процесот со замена до 12 февруари, изјави Бојмацалиев.
Во однос на најавата за кривични пријави за работењето на високи функционери од МВР, Бојмацалиев вели слободно нека пуштаат, работено е според прописите, се’ друго е политички маркетинг. Со министерот Панче Тошковски комуникацијата е коректна.
Што се однесува со посетата на Талат Џафери на СВР Тетово, Бојмацалиев во „Стадион“ кажа дека тој најавил на седница на Влада дека планира ненајавени посети, и дека е тоа негова лична одлука, која е легитимна, бидејќи е претседател на Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…