Вељаноски: ДИК да им овозможи на граѓаните да гласаат со старите лични документи со валиден рок на важење

t

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање, реагира поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

– Согласно чл.22  од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

Сите документи ( лични карти, пасоши ) служат само за индетификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите ( наспроти измените на законите )  каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, вели Вељаноски во допис испратен до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…