ЈО ќе проверува евентуална поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во Чаир

t

Од јавното обвинителство на Република Македонија соопштуваат дека се постапува за откривање на сторителите за убиството во близина на Блаце и за пожарот во угостителски објект во Чаир и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази, стои во соопштението.

Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, од ЈО велат дека увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.

– Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, дополнуваат оттаму.

Од МВР вчера соопштија дека едно лице е убиено со огнено оружје крај локалниот пат од Долно кон Горно Блаце во близина на Скопје.

– Во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно, МВР информираше дека на 25 февруари во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во дуќан на улица „Цветан Димов“, сопственост на А.Р.(32), кој се проширил и на соседните локали, сопственост на А.Р.(33), А.Р.(47), во угостителски објект сопственост на Х.А.(47) и куќа сопственост на А.Ч.(56).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…

Една година и седум месеци затвор е…

ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…

Полициски час во делови од Париз и…

По протестите и немирите, властите во Париз…

ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…

Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…

ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…