Лажни дојави за бомби во Охрид
Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.
– Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.
Повеќе детали околу дојавите не сподели, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала.
Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА евакуирани биле учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките вратени биле на настава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…
ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…
Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…
ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…