Објавено на:

Пронајдена дрога при претреси во затворот во Прилеп и во викенд-куќа, приведено едно лице

t

По судска наредба полициски службеници вчера извршиле претреси во просторија во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп и во викенд-куќа во близина на затворот и на двете локации пронашле марихуана.

МВР соопшти дека при претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д.(41) од с. Ливада, Струшко, и Н.Н.(34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

-При претрес во викенд-куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага. Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд-куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.

Претресите ги извршиле полицајци од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола, а претресот во затворот бил во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…

Пожар кај Пробиштип се шири во близина…

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…

Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…

Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…

Ангелов: Го надлетавме Водно, нема ниту чад…

Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад…