Жена во Пенсилванија била нападната од мечка додека го шетала кучето
Жена од Пенсилванија раскажала од болничкиот кревет што се случило кога оваа недела била нападната од мечка со нејзините младенчиња. „Таа ме фрли на земја. Мислев дека ќе умрам”, вели 55-годишната Ли Ен Галанте, пренесува Еј-Би-Си.
Мечката ја нападнала Галанте во вторникот околу 20:30 часот додека таа го шетала своето куче пред нејзината куќа во Батлер. 55-годишната жена се здобила со повреди на раката, лицето, вратот и главата и била пренесена во болница. Службата за диви животни пронашла мечка и три младенчиња на дрво во непосредна близина.
Мечката покажала агресивно однесување и била еутаназирана, а младенчињата биле пренесени на безбедно и подоцна ќе бидат пуштени во дивината. Галанте раскажала како била пред нејзината куќа со своето куче кога ги видела мечките на дрво.
Мечката почнала да оди кон кучето, по што Галанте почнала да вика: „Не сакав да и дозволам да ми го убие кучето“. Животното потоа ја нападнало 55-годишната жена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Затворен е воздушниот простор над Обединети Арапски…
Воздушниот простор на Обединетите Арапски Емирати моментално…
Иран ги напаѓа американските воени бази во…
Ал Џезира, радиодифузерот со седиште во Катар,…
Макрон вели американските напади на Иран се…
Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…
Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…
Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…