Ахмети: Ние сме стабилност и мир, 23 години не сме изгубиле
Предизвиците се големи, но и можностите се големи, битно е да биде вистинскиот човек на вистинска функција – порача меѓудругото вечерва кандидатот на ДУИ за претседател на државата и актуелен министер за надворешни работи – Бујар Османи.
Во СРЦ „Кале”, каде под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“ се одржува партиската конвенција, Османи вети дека со севкупниот дипломатски багаж ќе се бори за да се подобрат состојбите во земјата.
– Нашата иднина е во ЕУ и ова мора да им го исполниме на граѓаните. Мора да го запреме одливот на младите, мора да се инвестира во економијата, мора да се вложува во образованието согласно светските стандарди – рече Османи.
Тој напомена и дека ја има добиено „севкупната надворешна поддршка“.
По Османи, се обрати и лидерот на ДУИ – Али Ахмети.
Ние 23 години не сме изгубиле никогаш. Математички или практично нас не поддржуваат и во најтешките моменти. Сме инвестирале во капацитетите и во кадрите за подобро утре и така ќе продолжиме. Со нас не е лесно да се мерите. Тука сме сите ние што отвораме нови хоризонти. Ние сме стабилност и мир и добра европска иднина – рече Ахмети.
На конвенцијата кусо зборуваше и Талат Џафери, а пред почетокот се обрати и Фатмир Бесими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…
Адеми: Aко има второ полувреме од 2001…
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, предупредува дека…