Објавено на:

Трамп и милијардерот Илон Маск се сретнале во неделата

t

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск се сретнале во неделата, во време кога републиканскиот претседателски кандидат бара донатори за финансирање на неговата кампања, според неименувани извори запознаени со работата, пренесува „Блумберг“.

Како што претходно објави Њујорк Тајмс, Маск бил дел од групата големи донатори кои се сретнале со поранешниот претседател, додавајќи дека останува нејасно дали извршниот директор на Тесла одлучил да ја финансира кампањата на Трамп.

Маск е третиот најбогат човек во светот, но досега тој не беше голем политички донатор, особено ако се земе предвид големината на неговото богатство кое се проценува на 192 милијарди долари. Од 2009 година, според податоците на Федералната изборна комисија, Маск донирал помалку од 1 милион долари.

Доколку Маск одлучи финансиски да го поддржи Трамп, тоа би дало значителен поттик за кампањата на поранешниот претседател.

Собирањето средства на Трамп е многу послабо од она на Бајден, што го става поранешниот претседател во неповолна положба при веројатниот реизбор. Трамп претходно се обиде да привлече големи донатори за неговата кандидатура во 2024 година, но многу од нив ја поддржаа Ники Хејли.

До почетокот на февруари, Трамп собра вкупно 30,4 милиони долари, во споредба со 130 милиони долари за Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…

„Нашата загуба никому не му значи ништо,…

„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…

Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…