Објавено на:

Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници, најмногу во Белград и 962 случаи на голема кашлица

t

Во Србија во моментов има 36 потврдени случаи на морбили, а најголем број заболени има на територијата на Белград, како и регистрирани 962 случаи на пертусис, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи .

Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинацијаСпоред Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела.

Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1).

Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…