Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска
Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон, јави дописничката на МИА од Атина.
Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина.
Со оглед на тоа дека воениот рок е задолжителен во Грција, а 36-годишниот Каселакис подолг период живееше во САД, сега по враќањето во земјата има обврска да го отслужи.
За грчките граѓани со наполнети 33 години, законот дозволува да отслужат 20 дена, а останатиот период да го откупат и чини 810 евра за секој месец, нешто што ќе го стори лидерот на СИРИЗА.
На 48 часа пред заминувањето во касарната, односно во средата, Каселакис на Тик Ток објави видео од бербер, коментирајќи дека е на потстрижување во рамките на подготовките за отслужување на воениот рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…