Тошковски се избрука: Наместо внатрешна контрола да бара одговор кој дозволил неовластени лица да буричкаат по лични документи, бара кој сликал

t

Наместо да бараат одговорност од неовластени лица кои буричкаат низ личните документи на луѓето, во дел од МВР Велес денес бил вклучен погрешен аларм за тоа кој се осмелил да ја прати фотографијата од активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои неовластено делат пасоши на граѓани до редакцијата на Инфомакс.

Како што претходно објавивме, командирот на ТППЕ Велес заедно со заменик-градоначалникот на Велес неовластено делат пасоши на граѓаните. Се работи за командирот Димче Јованов и советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Нојков, а фотографијата е испратена од странки кои се затекнале таму за време на случката каде истакнатите активисти на ВМРО-ДПМНЕ буричкаат низ личните документи на луѓето.

И наместо да ја бараат суштината, а тоа е кој дозволил лица кои на никаков начин не се овластени да добијат пристап до личните документи и личните податоци на граѓаните, се нашле таму и „лабаво“ си делеле пасоши, што е кривично дело, структури од МВР Велес, веројатно блиски до овие лица и ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок врз вработените и се обидуваат да дознаат кој ги пратил фотографиите.

Господа, завршете си ја вашата работа и утврдете кој дозволил неовластени лица да буричкаат низ личните документи на луѓето, наместо да вршите притисок врз вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за илегална продажба на околу еден…

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…