Објавено на:

Во владин објект во Србија украдени 43.000 државни ордени

t

Осум лица се уапсени, а за двајца е распишана потерница поради сомнение дека се соизвршители во тешка кражба на државен имот поточно на 43.000 државни одликувања со исклучително висока вредност од Канцеларијата на ордени на Р.Срија која се наоѓа во десното крило на зградата на СИВ (сега Палата Србија), соопшти Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Како што јави доисникот на МИА од Белград, осомничените, биле сослушани, сите ја дале својата одбрана, по што Третото обвинителство до судот доставило предлог за определување мерка притвор за четири лица, за две лица е распишана потерница и е одреден притвор, бидејќи не се достапни на државните органи, а за три лица е одредена мерка за непречено одвивање на кривичната постапка, што практично значи дека им се одземени пасошите и им е наредено редовно да се јавуваат во полиција.

Еден од осомничените по кои обвинителството предложи да се распише потерница е Слободан Хомен, адвокатот и поранешен државен секретар во Министерството за правда во Владата на Мирко Цветковиќ. Тој беше пратеник во Народното собрание од 2012-2014 година.

Акцијата не била спроведена во еден ден, туку траела подолг временски период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…