Објавено на:

Жена во Словачка загина во блиска средба и бркотница со мечкa

t

Жена (31) од Белорусија починала откако била бркана од мечка на северот на Словачка, пишува Би-Би-Си.

Словачката планинска спасувачка служба соопшти дека телото на жената било извлечено од шума во планините Ниски Татри вчера вечерта.

Жена се шетала со маж кога на нив налетала мечка. Според зборовите на мажот, тој и жената избегале во различни правци. Областа има густа шума и стрмни клисури.

Словачките власти соопштија дека жена и маж се шетале во долината Демановска кога мечката почнала да ги брка. Телото на жената го открило куче трагач набргу откако нејзината пријателка отишла да побара помош.

Мечката се уште била во близина, а планинската спасувачка служба ја исплашила со предупредувачки истрели од пушка. Се уште не е јасно дали жената паднала и умрела или била убиена од мечка.

Словачкиот заменик министер за заштита на животната средина изјави дека властите веднаш ќе ја објават информацијата дека жената е убиена од мечка и дека нема да ја сокријат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата на атентаторот на Фицо е Украинка,…

Сопругата на атентаторот на словачкиот премиер Роберт…

(Видео) Министерката за здравство на Словачка: Премиерот…

Премиерот Роберт Фицо е во рацете на…

Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз…

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до…

Лекарите сѐ уште не можат да го…

Лекарите сѐ уште не можат да го…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Моментот на пукањето во словачкиот…

Словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево е ранет…