Кампањата на Џо Бајден собра 155 милиони долари во парични донации
Кампањата на американскиот претседател Џо Бајден досега собра 155 милиони долари во готовина, што е многу повеќе од паричните донации за неговиот републикански противник Доналд Трамп, објавија американските медиуми.
Само изминатиот месец, Бајден собра 53 милиони долари, што е најсилниот месец за локално прибирање средства.
-Добиваме вистински ентузијазам додека одиме низ земјата. Собравме цел куп пари. Имаме 1,5 милиони донатори, вклучително и 500 илјади кои се сосема нови, ова се мали донатори; 97 отсто од донациите се под 200 долари, рече Бајден минатата недела во интервју за локална радио станица во Висконсин.
Бајден и Трамп веќе ги добија номинациите на нивните партии, подготвувајќи се за реванш кон крајот на оваа година.
Бројките за средствата собрани од штабот на Трамп во февруари сè уште не се објавени. Од крајот на јануари, неговите два главни комитети имаа вкупно само 36,6 милиони долари во готовина. Главен извор на трошоците на Трамп се милионите долари судски такси што мора да се платат за тужбите против него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…