Марија Габриел се согласи да ја формира новата бугарска Влада
Шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел од централно-десничарската партија ГЕРБ денеска се согласи да ја формира новата влада на Бугарија, по оставката на премиерот Николај Денков на почетокот на март.
-Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност бидејќи на Бугарија и треба стабилност, изјави Габриел пренесена од британските медиуми.
Таа додаде дека се надева дека конечниот договор со партијата „Промените продолжуваат“ ќе биде финализиран во следните 24 часа.
ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Промените продолжуваат“, минатата година се договорија Габриел да ја преземе премиерската функција, откако на досегашниот премиер Николај Денков ќе му заврши деветмесечниот мандат, наведуваат британските медиуми.
На минатогодишните априлски избори, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „промените продолжуваат“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…