90 Македонци на фронтот во Украина, 30 се веќе убиени тврди Русија
90 макеоднски државјани се пријавиле да се борат на украинска страна, 30-мина од нив веќе се убиени. Ова се податоци кои ги сподели руското Министерство за надворешни работи.
Министерството за одбрана на Русија објави податоци за кои тврди дека го покажуваат бројот на странски платеници кои дошле да се борат за Украина од почетокот на војната.
„Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници кои се борат за неонацистите пристигнаа во Украина. До денес, 5.962 од нив се елиминирани“, објави Министерството.
Според табелата објавена од руското Министерство, најмногу платеници се од Полска (2960). Убиени се 1497. Што се однесува до Европа, следуваат Велика Британија, Романија и Хрватска.
Руското министерство наведува дека 1.113 Американци дошле да се борат во Украина, од кои 491 биле елиминирани. По земјите од кои наводно пристигнале најмногу платеници следуваат Грузија (1042, од кои 561 се елиминирани) и Канада (1005, од кои 422 се елиминирани).
📑 Russia's MoD:
Starting Feb 24, 2022, a total 13,387 foreign mercenaries have arrived in Ukraine to fight for the neo-Nazis.
❌ Of those, 5,962 have been eliminated
🇵🇱 — 1,497
🇬🇪 — 561
🇺🇸 — 491
🇨🇦 — 422
🇬🇧 — 360
🇷🇴 — 349
🇫🇷 — 147
🇩🇪 — 88👉 https://t.co/FuUv0tefbY pic.twitter.com/DZlrbKVFb4
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) March 14, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Од „Марковски“ до „Топлина“, скандалозната пракса…
„Скандалозната пракса на АД ЕСМ продолжува. Откако…
Британија планира да стане светска сила во…
Британскиот премиер Кир Стармер најави дека Велика…
Потребни се 35.000 евра за Елизабета да…
Потребна е финансиска помош за Елизабета која…
Зеленски му одговори на Фицо: Дојди во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани словачкиот…
Во 2024 година бројот на туристи во…
Според најновите податоци од Државниот завод за…