Кривична пријава за три лица од Велес по текст на Инфомакс – Дали недостасуваат документи поради упад на надворешни лица во службена документација?

t

Општинскиот огранок на СДСМ во Велес поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека функционери во локалните институции ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, откако Инфомакс објави дека лицата неовластено влегуваат во просториите на МВР и буричкаат по личните документи на граѓаните на Велес.

– Онака како што најавивме пред некој ден, а во врска во објавената фотографија на порталот “Инфомакс” на која што јасно се гледа како Командирот на противпожарната служба во Велес, во присуство и надзор на Заменик градоначалникот а воедно и советник во општина Велес буквално тарашка по личните документи на нашите сограѓани, денес, ОО СДСМ Велес поднесе “Кривична пријава” до Основното Јавно Обвинителство поради “ Постоење на основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело: Злоупотреба на службена должност од член 353 ст.1 од Казнениот Законик” против три лица и тоа:

– Маргица Цветановска – Началник на сектор на управни служби Велес

– Димче Јованов – Командир на ТППЕ Велес

– Коста Нојков – Советник во општина Велес и Заменик градоначалник

Почитувани,

‼️Ова што го видовме деновиве, начинот на кој што се опрактикува сила од страна на високи функционери во пасошкото одделение во Велес е семо потсетување на тоа како владееше ДПМНЕ. За нив државата е очигледно во служба единствено на партијата. ОО СДСМ Велес застанува во одбрана на граѓаните и во служба на Законите на РСМ.

Воедно уште еднаш го прашуваме јавно го прашуваме министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

1. Дали и тој презема мерки против злоупотребата на службената положба на натрапниците?

2. Дали и тој поведе постапка против раководителот на одделението за лични документи при СВР Велес?

3. Дали недостасуваат лични карти и пасоши на граѓани на Велес поради упад на надворешни лица во службена документација? – велат од СДСМ Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…

Истрага за илегална продажба на околу еден…

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…