ПРОВОКАЦИИ: Знаме од УЧК на влезот од тетовското Кале, на црквата пак – албанско знаме: Полицијата ги бара тие кои ги поставиле!
На куполата на црквата „Свети Атанасиј“ лоцирана на тетовското кале, непознати лица, поставиле албанско знаме.
Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм во Тетово, ги известил локалните власти, за сквернавење на верскиот локалитет.
Ицидентот, се случил вчера, доцна попладнето. Според извештаите, дополнително, забележано е, и знаме на „УЧК“, кое било поставено на бандера во близина на влезот на Калето. Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, потврди дека по добиената пријава веднаш била испратена екипа за увид.
На крајот на ноември се случи сличен инцидент кога од јарболот беше симнато знамето на македонската православна црква-Охридска архиепископија, во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“, на Попова Шапка.
Знамето тогаш беше фрлено, а на негово место беше ставено знамето на Албанија. Тетовската полиција за само неколку часови го приведе сторителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…