Украина под силен напад, региони без струја – гори фабрика за тенкови!
Руските сили синоќа извршија масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а експлозии одекнаа во Запорожје, Харков, Ивано-Франивков и Днепропетровск, додека воздушна закана беше прогласена на целата територија на Украина.
Мета беа Киев, Харков, Суми, Днепропетровск и Запорожје, како и градови во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки. Министерството за енергетика на Украина тврди дека во тие делови на Украина се забележани бројни оштетувања на електричната мрежа, а во многу региони поради тоа нема струја. Меѓу другото, регионите Кировоград и Виница се делумно без струја.
Исто така, бомбардирана е фабрика за производство на тенкови во Харков, а според очевидци нападот бил многу моќен и забележани се околу 20 проектили како летаат во правец на тој индустриски комплекс. Пожарот избувнал во неколку фабрички објекти и засега е тешко да се процени степенот на штетата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре врнежи и пониски температури
Времето утре ќе биде променливо облачно со…
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Пијан Мексиканец нападнал полицајци во Ѓорче Петров
Државјанин на Мексико на возраст од 31…
Чешкиот премиер обвинува: Европа е немоќна и…
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес ја обвини…
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…