Кулеба: На Украина итно и треба повеќе опрема за ПВО, особено ракети Патриот
„Децата во Киев трчаат за да се засолнат во 10:30 часот кога противвоздушната одбрана соборува смртоносни руски балистички ракети над главниот град. Нема злосторства што рускиот џган не би го извршил, вклучително и обидот со балистичка ракета да го погодат срцето на повеќемилионскиот град“, напиша Кулеба на платформата Х.
Тој истакна дека денешното гранатирање е потсетник дека на Украина итно и е потребна зајакната противвоздушна одбрана, особено системи и ракети Патриот, способни да одбијат секој руски напад.
Во Киев утрово одекнаа неколку експлозии.
Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешук, соопшти дека се уништени две балистички ракети што руските сили ги истрелаа врз Киев од привремено окупираниот Крим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…